Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Едно лице е убиено, а три се сериозно повредени во вооружениот напад кој се случи на Универзитетот во германскиот град Хајделберг, по што напаѓачот се самоубил.
Полицијата кажа дека тој користел долго оружје и без контрола пукал по амфитеатарската сала.
Германските медиуми објавија дека нападот нема верски или политички мотиви. Според весникот „Билд“, напаѓачот бил студент на универзитетот, но неговиот идентитет не е откриен.
„Веруваме дека напаѓачот дејствувал сам. Во овој момент, можеме да кажеме дека веќе нема опасност за јавноста“, соопшти полицијата.
Хајделберг е универзитетски град во југозападна Германија, која има строги закони за користење оружје и пукањата на училиште се многу ретки. Сите под 25 години мора да поминат низ психолошка проценка пред да добијат дозвола за оружје.