Руско-италијанска научна студија тврди: Спутник V двојно поефикасна против омикрон сојот од вакцината на „Фајзер/Бионтек“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ е двојно поефикасна во неутрализирањето на активноста на омикрон сојот на вирусот SARS-CoV-2 од вакцината на „Фајзер/БиоНТек“. Ова во денеска го соопштија од Рускиот фонд за директни вложувања (РФПИ) и научниот центар „Гамалеја“ по заедничката студија со италијанскиот Национален институт за заразни болести „Lazzaro Spallanzani“.

– Според резултатите од студијата, вакцината „Спутник V“ покажа титар на вирусните неутрализирачки антитела на сојот омикрон (B. 1.1.529) повеќе од двапати повисока во споредба со двете вакцини од „Фајзер“ (2,1 пати повеќе во целина и 2,6 пати повеќе три месеца по вакцинацијата) – се наведува во соопштението за јавноста.

Покрај тоа, стручњаците дошле до заклучокот дека „Спутник Лајт“, како дополнителна „бустер“ доза, ја зголемува активноста при вирусно неутрализирање против омикронот до нивоа споредливи со титрите коишто „Спутник V“ ги генерира во однос на изворниот сој на коронавирусот.

– „Спутник Лајт“ претставува универзален засилувач за другите вакцини поради оптималната конфигурација на аденовиралната платформа во основата на вакцината „Спутник“, која обезбедува повисока заштита од сојот омикрон и другите мутации, што е потврдено со бројните студии – објавија од рускиот фонд кој учествуваше во развојот на вакцините против коронавирусот и во нивните промоции во странство.

Руските и италијанските истражувачки дошле до заклучокот дека дополнителното вакцинирање со „Спутник Лајт“ е најдоброто решение за зголемување на ефикасноста на другите вакцини и продолжување на периодот на заштита во рамките на комбинираната употреба на вакцините.

Студијата била спроведена под еднакви лабораториски услови од Институтот „Lazzaro Spallanzani“, врз основата на споредливи серумски примероци од поединци вакцинирани со „Спутник V“ и со „Фајзер“ со слични нивоа на IgG-антитела и активноста за неутрализирање на вирусот од изворниот сој идентификуван кон крајот на декември 2019 година во кинески Вухан. Руската вакцина е создадена врз посната веќе применувана за правење вакцини основа на аденоворуси, додека американско-германската се базира на новопојавената технологија на т.н. „информативна“ рибонуклеинска киселина (mRNA).