ОН ќе издејствува лекот за Ковид-19 наместо 700 да чини 20 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Агенцијата за патенти на Обединетите нации склучила договор со речиси 30 фармацевтски компании за производство на генерички верзии на лекот молнупиравир против ковид-19 од Мерк, за посиромашните нации.

На овој начин, ОН сакаат да обезбедат пристап до лекот за повеќе земји и луѓе во обид да ја потиснат пандемијата на коронавирус.

За потпишување на договорот со Мерк е задолжена Агенцијата за патенти за лекови на ОН (MPP). Договорот ќе ја прошири листата на компании кои ќе го произведуваат овој антивирусен експериментален лек, со што значително ќе се зголеми количината и достапноста на молнупиравир.

Претходно оваа година, Мерк потпиша билатерален договор за лиценцирање со осум индиски производители на генерички лекови, вклучувајќи ги Aurobindo Pharma, Cipla Ltd, Dr. Reddy’s Labs, Emcure Pharmaceuticals, Hetero Labs, Sun Pharmaceuticals и Torrent Pharmaceuticals.

Сега новиот договор ќе им овозможи на компаниите – 27 од нив од Кина, Индија, Африка, Азија и Блискиот Исток – да произведуваат состојки и готов производ.

Лекот на Мерк доби одобрение за итна употреба во САД во декември, откако се покажа дека за 30 проценти го намалува ризикот од болничко лекување и смрт кај пациенти со висок ризик.

МПП наведува дека лекот, според договорот, ќе се дистрибуира во 105 помалку развиени земји, а ќе чини околу 20 американски долари. Тоа е пакување од 40 таблети за пет дена. Соединетите држави претходно се согласија да платат 700 долари за една терапија.