Европската агенција за лекови апелира: mRNA вакцините против Ковид-19 не се штетни за бремените жени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европската агенција за лекови, повикувајќи се на деталните анализи на неколку научни истражувања и студии, апелира дека вакцините против ковид-19 произведени со помош на технологијата mRNA не предизвикуваат компликации во бременоста кај идните мајки и нивните бебиња.

Анализата, базирана на истражување на околу 65.000 бремености во различни фази, не открила знаци на зголемен ризик од компликации, спонтани абортуси, предвремено породување или сериозни несакани ефекти на mRNA кај бремените жени, соопштила Европската агенција за лекови (ЕМА).

Pfizer и германскиот партнер BioNTech, како и Moderna, моментално доставуваат вакви вакцини во Европската унија. Иако ЕМА признава некои ограничувања во податоците, соопшти дека резултатите се конзистентни во сите студии.

„Придобивките од примањето mRNA вакцина против Ковид-19 за време на бременоста ги надминуваат сите можни ризици за идните мајки и неродените бебиња“, велат од агенцијата. Внатрешниот преглед на тимот, исто така, покажал дека вакцините против Ковид-19 се исто толку ефикасни во намалувањето на ризикот од хоспитализација и смрт кај бремените жени како и кај небремените жени.

Неколку земји од ЕУ веќе ја поддржале употребата на вакцини против Ковид-19 за бремени жени, а поддршката на ЕМА за mRNA вакцините веројатно ќе ги поттикне кампањите за вакцинација во помалите земји кои се потпираат на научната експертиза на регулаторите.