Пикот на овој бран во ек: 2.269 нови случаи на Ковид-19 регистрирани во последните 24 часа во Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од направени 7038 тестови во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 2.269 нови случаи на Ковид-19.

Од вкупниот број позитивни, 310 се реинфекции, соопшти вечерва Министерството за здравство. Оздравени се 1420 пациенти, а починати во изминатото деноноќие се 13 лица и дополнително 11 преку Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, со датум на смрт од 3 до 16 јануари 2022.

Од новите дијагностицирани, во Скопје се 1169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево имаат по 33 нови случаи, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово по 13, Штип и Крушево по 11, Македонски Брод – девет, Виница и Македонска Каменица по осум, Пехчево – седум, Пробиштип, Богданци и Дојран по пет и еден новозаразен има Демир Капија.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: пет од Скопје (64г, 66г, 68г, 79г и 82г), тројца од Струмица (58г, 61г и 66г), двајца од Кавадарци (52г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (73г), Струга (77г) и Охрид (54г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се 11 починати лица – четири од од Гевгелија, по двајца починати од Струмица, Струга и Кичево и еден починат од Богданци, во период од 3 до 16 јануари 2022. Починатите се на возраст од 47г до 87г. Од пријавените случаи, три лица починале во домашни и осум се во болнички услови.