Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Обвинителот и поранешен член на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, е избран за нов претседател на Основното јавно обвинителство – Скопје, објави на својата веб страна Советот на јавни обвинители.
Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител.
Советот на јавните обвинители на денешната 42. седница ги избра Соња Симовска и Љупчо Коцевски за обвинители во Јавното обвинителство на РМ, Стевчо Донев за обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип и Бесир Алиу за основен јавен обвинител на ОЈО Тетово.