Герила транспарент за бугарскиот премиер Петков од Левица: Добредојдовте „администратори“ на цар Борис


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Партискиот лидер и пратеник од редовите на Левица, Димитар Апасиев, утрово на Фејсбук објави дека партијата организирала герила пречек на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој денес е во посета на Скопје.

На транспарент поставен на влезот на Скопје пишува „Добредојдовте администратори на Цар Борис“, а под објавената фоторафија Апасиев напишa:

– Соодветен герила-пречек на новиот бугарски премиер, од страна на специјалните единици на Црвената младина на Левица.