Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во посета на Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бугарскиот премиер Кирил Петков притигна во Скопје, а официјалната посета на бугарската делегација која ја предводи тој започна со церемонијален пречек пред Владата и со високи државни и воени почести.

Бугарската делегација ја пречекаа премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите за надворешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

Петков е придружуван од Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија и бугарските министри за надворешни работи и за транспорт и врски, Теодора Генчовска и Николај Сабев.

На аеродромот во Скопје владината делегација на Република Бугарија беше пречекана од министерот за надворешни работи Бујар Османи.