Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адел го објави официјалниот спот за песната „Oh My God“, која излезе како дел од нејзиниот последен албум насловен 30.
На видеото може да се види повеќекратна верзија на Адел, која во придружба на танчерки пее во соба која потсетува на бар, полна со дрвени столчиња.
„Oh My God“ е второто официјално музичко видео на Адел од албумот 30.
Нејзиното прво видео, за водечкиот сингл на албумот „Easy on Me“, беше објавено во октомври.