Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џејсон Момоа кој светската слава ја стекна со толкување на ликот Аквамен, а неодамна беше прогласен за најубавиот маж на светот, е слободен во поглед на љубовниот статус.
Холивудскиот брачен пар Џејсон Момоа и Лиза Бонет по долги 16 години во врска одлучиле да се разведат.
Познатиот пар актери ја потврди веста преку социјалните мрежи:
– Сите го почувствувавме притисокот и промените на овие трансформациски времиња. Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок. Таа се чувствуваше и растеше поради сеизмичките поместувања што се случуваат. И така, решивме да ја споделиме веста за да се разведеме.
Момоа и Бонет се во брак четири години и се заедно повеќе од една деценија.
Двојката наводно се запознала во џез клуб во 2005 година, долго пред да стане Момоа да стана популарен актер, кој снима хит филмови.
– Нашата посветеност е непоколеблива кон овој свет живот и кон нашите деца. Ги учиме децата колку што е можно повеќе да живеат молитва. Љубовта нека надвладее – заклучија тие.