Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одлуките на здравствените власти на бугарија за самоизолација на дел од владиниот кабинет на премиерот Кирил Петков, нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата бугарска владина делегација на Скопје, соопшти министерсвото за надворешни работи.
Како што се наведува во информацијата на МНР, терминот 18 јануари, вторник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата влада во земјава. Одлуката, како што се наведува во соопштението, е донесена по вчерашните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Македонија и Бугарија.
Претходно, МИА, повикувајќи се на информации од прес-службата на бугарската влада, објави дека бугарската владина делегација што ќе допатува во Скопје ќе ја предводи вицепремиерката Калина Константинова, а Петков ќе биде во самоизолација во наредните денови. Бугарскиот премиер, преку видео-обраќање, најави дека ќе ја посети Македонија уште овој месец.