Ѓоковиќ: „Задоволен сум и благодарен за судската одлука, сакам да останам и да се натпреварувам“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После судската одлука за поништување на укинувањето на визата, Новак Ѓоковиќ официјално се огласи на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ им се заблагодари на сите за поддршката и рече дека сака да остане и да се натпреварува на овогодинешниот „Австралија опен“, кој започнува на 17 јануари.

„Задоволен сум и благодарен што судијата ја преиначи одлуката за укинување на визата. И покрај се што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на ‘Австралија Опен’. Останувам фокусиран на тоа. Летав овде за да играм на еден од најважните настани што ги имаме пред неверојатни навивачи“, напиша Ѓоковиќ на Твитер, заедно со фотографија од теренот на „Род Лејвер“ Арената во Мелбурн.

„Засега не можам да кажам повеќе, но ви благодарам на сите што бевте со мене низ сето ова и ме охрабрувавте да останам силен“, напиша Ѓоковиќ.