Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Федералниот суд на Австралија го прифати барањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и му дозволил да остане во Мелбурн до понеделник. Ова го соопшти адвокатот на првиот рекет на светот.
Претходно се дозна дека Федералниот суд на Австралија ќе го разгледа барањето на Ѓоковиќ за да му биде дозволено да остане во Мелбурн за да учествува на Австралија опен.
На тенисерот не му е дозволен влез во земјата, бидејќи, според австралиската гранична служба, направил грешка при аплицирањето за виза и таа не ги исполнува условите за влез во државата.
Членот на тимот на Ѓоковиќ, кој беше задолжен за документацијата, направил грешка и го избра типот на виза што не може да се добие со медицинско ослободување од вакцинација против ковид-19. Поради тоа, на Ѓоковиќ му била откажана визата.
Србинот во моментов се наоѓа во хотелот „Парк“, кој е дом на баратели на азил во земјата.