Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Канада ќе исплати 40 милијарди канадски долари обештетување за домородните деца кои биле одземени од нивните семејства и ставени во системот на социјална помош.
Договорот прредвидува 20 милијарди канадски долари (еден канадски долар чини 42,8 денари) за потенцијално стотиците илјади домородни деца кои биле одземени од семејства и немале пристап или имале проблеми да пристапат до јавните услуги.
Дополнителни 20 милијарди канадски долари се наменети за реформи за социјалната заштита во следните пет години.
Договорот за компензација е постигнат речиси 15 години откако Здружението на канадски староседелци поднесе тужба поради кршење на човековите права.
Канада призна дека нејзиниот систем е дискриминаторски, но постојано одбива да плати компензација и да ги финансира реформите.
Ова е најголем финансиски договор од ваков вид во канадската историја, а конечниот договор мора да биде финализиран до 31 март оваа година.