Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека планира да им го отежни животот на Французите кои што не се вакцинирани против ковид-19.
„Навистина сакам да им досадувам, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа до крајот “ изјави Макрон за француски весник.
Но, неговите политички опоненти го коментирааат остриот говор како недостоен за претседател. Коментарите на Макрон во интервјуто следуваат по одложувањето на владиниот предлог закон за ковид-пропусници.
Причината за одложувањето е прекинот на расправата синоќа во Собранието за предлог законот со кој на невакцинираните ќе им се забрани пристап до повеќе области кои го опфаќаат јавниот живот.
Се очекува законот да биде одобрен до крајот на оваа седмица, но ги разлути антиваксерите, а неколку француски пратенци соопштија дека добиле смртни закани поради тоа прашање.
Макрон во интервјуто посочи дека нема да се применува вакцинација „на сила“, но се надева дека со забраните ќе се потикнат луѓето да се вакцинираат, затоа што во спротивно ќе им се ограничи пристап до актовности од социјалниот живот.
„Нема да ги праќаме невакцинираните во затвор. Но ќе им речеме дека од следниот месец нема да смеат да влезат во ресоран, нема да може да одат на кафе, нема да може да одат на лизгалиште, во кино“.
Острата реторика на Макрон кон невакцинираните предизвика силна реакција од неговите опоненти.