Лаутербах: Германија има потреба од 15 милиони дополнителни дози од вакцината против ковид-19


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министер за здравство на Германија, Карл Лаутербах, изјави дека уште 15 милиони луѓе треба да примат дополнителна доза вакцина против ковид-19, за да може да се запре ширењето на сојот омикрон и да се избегне притисокот врз одделенијата за интензивна нега.

Тој додаде дека според проекциите на Институтот за јавно здравје Роберт Кох, уште 80 проценти од луѓето кои примиле две дози ќе треба да примат и трета доза.

Од 59,3 милиони луѓе (71,3 отсто од населението) кои веќе примиле две дози од вакцината, околу 32,7 милиони примиле и трета, дополнителна доза. Тоа значи дека се потребни уште 15 милиони дополнителни дози за да се премине прагот од 80 проценти, за кој виролозите веруваат дека е потребен за да се запре сојот омикронот, кој се шири многу побрзо.

Во Германија ограничени се приватните собири за вакцинираните на максимум десет луѓе, затворени се клубови и дискотеки, а големите спортски настани се без публика, вклучително и фудбалски натпревари.

Лаутербах истакна дека ограничувањето на контактите, како и обидите да се вакцинира 80 проценти од населението, ќе го забават ширењето на сојот омикрон.

Тој додаде дека дополнителната доза вакцина е најдобрата заштита од омикрон.