На 55-годишна возраст почина Марјан Додовски – бивш пратеник и министер за животна средина на Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На 55 години, на државната клиника во Скопје, почина поранешниот министер за екологија и пратеник Марјан Додовски. Веста за неговата смрт ја соопшти неговата поранешна сопруга Иванка Василевска, која во моментов е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во длабока жал ве известуваме дека ноќеска, на државната клиника, прерано не напушти Марјан Додовски. Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска. Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек. Марјан почивај во мир!, напиша Василевска

Откако неколку години беше во раководството на Движењето на екологистите на Македонија, Додовски влезе во политиката во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година како заменик-министер за животна средина. По распадот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДА и заминувањето на Тони Поповски од функцијата министер, Додовски го презеде ресорот.

Како дипломиран студент по географија на Природно-математичкиот факултет Додовски беше дел од првите еколошки активисти во Македонија по стекнувањето на независноста.

Во политиката, како и многу негови сопартијци во времето на поделбите во партијата, ја напушти ВМРО-ДПМНЕ во 2004 за да стане дел од ВМРО-Народна, каде беше член на нејзиното раководство. Подоцна, во 2012 година, се врати во ВМРО-ДПМНЕ.