Врховен ги одби жалбите на обвинетите, случајот запечатен – нема да има ново судење за „Диво Насеље“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судскиот случај за “Диво Насеље” е запечатен, односно нема да има ново судење бидејќи Врховниот суд одлучи да ја потврди второстепената пресуда.

-Жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани, пишува во пресудата на Врховниот суд до која дошол порталот „Фокус”.

Според правосилната пресуда, повеќето обвинети беа осудените на доживотен затвор, за терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље, 13 обвинети добија казна од 40 години затвор, 20 години петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Четворица од обвинетите, пак добија и ослободителна пресуда бидејќи обвинителството не доставило доволно докази.

Во терористичкиот напад во Куманово во 2015 година беа убиени осум припадници на МВР, а четириесетина беа повредени.