Кај пациент во Струга детектиран втор случај на Омикрон сојот во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кај пациент во Струга е регистриран вториот случај на новиот Омикрон сој на коронавирусот во Македонија.

Информацијата ја потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Охрид и додаваат дека заболено е невакцинирано повозрасно лице и дека е во изолација.

Засега не се знае каде ова лице ја добил инфекцијата. Во Струга и околината во овој период на годината, за време на новогодишните празници голем е бројот на дојдени печалбари.