Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Латино дивата Џенифер Лопез е една од планетарно популарните убавици за кои важи синтагмата „им пркоси на годините“. Кога ќе ја види човек во било какво издание – небитно дали елегантно или спортско, па дури и во најобично издание без ниту грам шминка – тешко дека може да каже оти Лопез има 52 години.
Не само што вежба и работи на својата фигура, туку и нејзиното лице дефинитивно не оддава ништо што би асоцирало дека Лопез е влезена во шестата деценија од животот.
Таа неодамна на Инстаграм профилот на својот бренд JLO Beauty сподели кратко видео во кое буквално нема ни трошка шминка, се со цел да го претстави својот омилен производ за нега на лице.
Латино дивата го пофали серумот за сјај на кожата што го произведува споменатиот бренд, а судејќи по тоа колку негувано и фантастично изгледа нејзиното лице, изгледа дека навистина дава резултати, заедно со остатокот од козметичката рутина.
Џеј Ло зборува за серумот во свилена домашна наметка, косата врзана во пунџа и во сосема природно издание – без пудра, маскара, кармин, било што! И навистина блеска – лицето и е свежо, младешко, затегнато, без брчки и пори!
View this post on Instagram
Јасно е дека познатата пејачка се подложила на некои козметички третмани за подмладување, но тоа го направила дискретно и умерено, а сепак изгледа сосема природно. Во повеќе наврати категорично тврдеше дека никогаш не се подложила ниту на ботокс, ниту на било каков друг „пластичен“ третман.
View this post on Instagram