Курц „на печалба“ во Америка – ќе зема околу 500.000 евра годишно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившиот австриски канцелар, своевремено најмладиот премиер на светот, Себастијан Курц, потпиша нов договор за вработување во САД.

Како што пишува весникот „Естерајх“, Курц од следната година најмногу време ќе поминува во САД, бидејќи се вработил во приватниот сектор, во областа на инвестициите.

Поранешниот канцелар на Австрија најави дека следната година ќе објави детали за новото работно место и за која компанија станува збор. Според информациите со кои располага медиумската јавност, Курц, канцеларската плата од 312.000 годишно ќе ја замени со околу 500.000 евра годишно кои ќе ги заработува на новото работно место.

Најавеното повлекување на Курц од политиката дојде по соочувањето на поранешниот австриски канцелар со бројните скандали и политички превирања на домашната сцена во изминатите неколку години.

Тој поднесе оставка од канцеларската функција во октомври, годинава, за да ја спаси владината коалиција.

Курц стана лидер на Австрија на 31-годишна возраст, се издигна на политичката сцена преку имиџот на енергичен функционер кој му овозможи да стекне широка поддршка од различните генерации.