Home Актуелно Ова само во Македонија: Возот од Скопје до Битола тргнал сабајле во 6:53 и уште не е стигна

Ова само во Македонија: Возот од Скопје до Битола тргнал сабајле во 6:53 и уште не е стигна

Утринскиот патнички воз со број 641 кој сообраќа на релацијата Скопје-Битола, а кој утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, сè уште не е пристигнат.

Патници од возот велат дека прво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.

Од железничката станица во Битола кажаа дека возот се уште не е пристигнат и немаат информации кога ќе дојди.

Во меѓувреме во 14:30 возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.

Попладне возот продолжи до Прилеп, а од таму патниците кои биле за Битола, биле превезени со комбе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…