Со Bugatti Chiron на автопат „стегна“ 414 км/час (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога ќе се спомене брзина од 400 км/час значи дека објектот кој се движи со истата (во случајов автомобил) поминува 111 метри пат на секоја секунда. Сосема е јасно колку е несовесно ова да се прави на јавен пат, дури и при многубројни подготовки. Лицето што го направи тоа на германски автопат е Радим Пасер. Тоа било во 2015 година, кога во Вејрон возел 402,5 км/ч.

Сега тој го повторил истиот луд и опасен потфат во Chiron. 58-годишниот бизнисмен го предал Chiron на детален преглед во фабриката на Bugatti во Молсхајм, а потоа во зори, околу 4:50 часот, кога има најмалку сообраќај, излегол на автопатот.

Активирањето на вториот клуч значело дека нема повеќе блокирање на 381 km/h и дека Chiron може да оди побрзо. Го стиснал гасот и возел преку 400 км/ч. Тој не се откажал додека брзиномерот не покажа 414 km/h. Интересно, и покрај тоа што возел со толку голема брзина, возачот не го прекршил законот бидејќи се работи за делница без ограничување на брзината.

Да потсетиме, Bugatti повеќе не го брка брзинскиот рекорд. Неговиот тест-возач Енди Валас по последното поставување на брзински рекорд изјавил дека Chiron (Super Sport 300+) има повеќе гас и може да биде значително побрз, веројатно над 500 km/h.