Од AstraZeneca тврдат дека нивната бустер-доза штити од омикрон сојот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Циклусот на вакцинација со три дози од AstraZeneca е ефикасен против варијантата омикрон, објави денеска фармацевтската гигант, повикувајќи се на студија на Универзитетот Оксфорд.

Студијата, која сè уште не е прегледана од независни експерти, покажала дека испитаниците кои примиле бустер доза од вакцината AstraZeneca имале повисоки нивоа на специфични антитела за омикрон од оние кои биле заразени и природно стекнале имунитет.

По циклусот на вакцини од три дози, нивоата на неутрализација против омикрон биле слични на оние против варијантата делта по двете дози, додаде компанијата, според Ројтерс.

Компанијата вели дека научниците од Универзитетот Оксфорд кои ја спровеле студијата се независни од оние од истиот универзитет кои работеле со компанијата на вакцината.