Прв случај на омикрон сојот во Србија – потврден кај пациентка која се вратила од Боцвана


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новата вид на коронавирусот, омикрон, денеска беше потврден во Србија, пренесува „Нова.рс“.

Според овие информации, новиот сој на ковид-19 е потврден кај жена која пристигнала од јужноафриканската држава Боцвана.

Таа при влез во државата била негативна, меѓутоа дополнителните тестирања покажале дека е позитивна на омикрон.

„Пациентката беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден од нив беше позитивен“, објаснува професорката Тања Јовановиќ за српскиот портал „Нова“.

Според Јовановиќ, место за паника нема, бидејќи како што вели, состојбата со пациентката е под контрола.

По појавата на сојот омикрон првично во Јужна Африка, тој продолжи да се шири и во бројни европски земји, но веќе е регистриран и во соседството. Хрватска и Црна Гора исто така ги потврдија првите случаи на омикрон, кој од денеска веќе го има и во Србија.

Омикрон засега не е регистриран во нашата држава.