Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Согласно пресудата која ја донесе британскиот суд, владетелот на Дубаи, Мухамед бин Рашид Ал Мактум на неговата поранешна сопруга и нивните деца треба да им исплати околу 550 милиони фунти (733 милиони долари) во една од најскапите бракоразводни спогодби во британската историја.
Судот пресудил дека шеик Мухамед бин Рашид Ал Мактум мора да плати 251,5 милиони фунти на својата шеста сопруга, принцезата Хаја Бинт Ал Хусеин и редовно да уплаќа пари за нивните деца Ал Џалила (14) и Зајед (9) со банкарска гаранција од 290 милиони фунти, пренесува “AP”.
Princess Haya, ex of Dubai ruler, paid $6.4M to keep affair with bodyguard secret: report https://t.co/7jwmstilmR pic.twitter.com/Q5wf4rS1Jf
— New York Post (@nypost) November 20, 2020
Вкупниот износ кој децата и требало да го добијат би можел да биде околу 290 милиони фунти, во зависност од разни фактори, вклучувајќи го животниот век на шеикот или можното смирување на децата и таткото.
Дел од спогодбата се и 11 милиони фунти годишно за трошоци за обезбедување на принцезата Хаја и малолетните деца.
Судијата Филип Мур, имено, заклучил дека на семејството му е потребно “најквалитетно обезбедување”, бидејќи главната закана за нив доаѓала од шеикот Мухамед, а не од некои други, надворешни извори.
Принцезата Хаја во 2019-та година побегнала во Лондон и започнала бракоразводна парница. По макотрпна судска борба добила старателство над двете деца кои ги има со шеикот.