Ги прегази и избега – имаа огромна среќа што останаа живи (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неверојатна и вознемирувачка снимка од сообраќајна несреќа која се случила на патот Јопал во колумбискиот град Касуанаре, во која учествуваа жена и дете на велосипед, се шири на социјалните мрежи.

Иако видеото е навистина вознемирувачко и иако на почетокот се чинело дека жената нема да преживее, сè помина без човечки жртви.

Сцената е снимена од блиската сообраќајна камера. Автомобил со регистерски таблички од Богота налетал на жена и дете на велосипед, ги прегазил, а потоа побегнал од местото, јавува „Kalle Blue Radio“.

За среќа, тркалата ги заобиколиле мајката и детето.

Момчето веднаш станало како ништо да не се случило, додека жената била во несвест, но веднаш била пренесена во болница каде закренува.