Афлек: Ќе си останев алкохоличар ако останев со Џенифер Гарнер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот холивудски актер Бен Афлек се осврна на неуспешниот брак со актерката Џенифер Гарнер, за кој вели дека не успеал, а и да продолжел, веројатно, како што вели, и понатаму би имал проблем со алкохолот.

„Тоа се случува. Таа е личност што ја сакам и ја почитувам, но со која веќе не можев да бидам во брак. Веројатно се уште би пиел, а почнав да пијам затоа што влегов во рутина и се чувствував заробен“, изјави неодамна Бен Афлек.

Актерот (49) имал проблеми со алкохолот и во 2018 година отишол на рехабилитација.

Тој беше во брак со Џенифер Гарнер (49) од 2005 до 2018 година, а сакале да ја спасат својата брачна заедница поради нивните три деца, ќерките Вајолет (16) и Серафина Роуз Елизабет (12) и синот Семјуел (9).

„Се обидовме и се трудевме за доброто на децата, но и двајцата се чувствувавме како да не сакаме децата да мислат дека вака треба да изгледа бракот. А се што прочитавте за нашиот брак е неточно. Вистината е дека ни требаше време да донесеме одлука и се разделија“, истакна Афлек.

Бен од пролетта оваа година е во врска со Џенифер Лопез (52) со која беше свршен пред да стапи во врска со Џенифер Гарнер,пишува Б92