Вкупно обештетување од 380 милиони долари за американските гимнастичарки жртви на сексуална злоупотреба од лекарот Насар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Над 500 гимнастичарки кои биле сексуално злоставувани од Лоренс Насар, поранешен лекар на американската репрезентација, би можеле да добијат обештетување од 380 милиони долари од Американската гимнастичка федерација и Американскиот олимписки и параолимписки комитет, објави Њујорк Тајмс.

Со тоа би се затворило последното поглавје на еден од најголемите скандали во историјата на американскиот спорт. Договорот за спогодба беше објавен во текот на судската постапка во Индијана. Средствата, исто така, ќе ги обештетат олимписките победнички Симон Билс, Мекејла Марони и Али Рајсман.

Жртвите страдале од анксиозност, депресија и посттрауматско стресно растројство, додека некои од нив се обиделе да се самоубијат поради злоставувањето од Насар, извршено под изговор за лекување.