Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По завршувањето на пандемијата која ја предизвика коронавирусот, човештвото ќе се соочи со посериозни предизвици од претходно. Тие ќе бидат поврзани со сиромаштија, глад, нееднаквост, болести и климатски промени, предупредува Светската здравствена организација (СЗО).
Ова го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус во говор на 10. Глобална конференција за здравствена превенција во Женева, и ги повика владите да „промовираат економски раст заснован на здравјето и благосостојбата на луѓето и на планетата“.
– Кога ќе заврши пандемијата, ќе се соочиме со многу полоши предизвици од претходно: сиромаштија, глад, нееднаквост, болести, климатски промени, рече тој.
Според Гебрејесус, „пандемијата покажа дека ако здравјето е загрозено, тогаш сите се во опасност“. Во овој поглед, потребна е „фундаментална промена“ во перцепцијата за вредноста на здравјето. Мора да се „охрабри“ економски раст заснован на здравјето и благосостојбата на луѓето и на планетата.
Шефот на СЗО смета дека државите треба да се залагаат сите да имаат пристап до здравствени услуги, а ова човеково право е камен-темелник на социјалната, економската и политичката стабилност.