Home Спорт Невидени грешки: Прв пат во историјата УЕФА денеска ја повторуваше жрепката за Лигата на шампионите

Невидени грешки: Прв пат во историјата УЕФА денеска ја повторуваше жрепката за Лигата на шампионите

Неверојатна грешка видовме денеска во Нион при жребот за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Прво Манчестер Јунајтед беше ставен како можен противник на Виљареал и Аршавин ги извлече токму „црвените ѓаволи“, а овие две екипи не може да играаат во осминафиналето затоа што беа заедно во групната фаза, па при новото влечење Виљареал го доби Сити.

Поголемиот кикс се направи кога беше излвечен Атлетико Мадрид, Џорџо Маркети на помошникот му кажа дека Атлетико не може да игра со Ливерпул и Манчестер Јунајтед кој е извлечен, па затоа помошникот не зема топче со името на Јунајтед, а всушност Јунајтед не беше извлечен затоа што не можеше да игра со Виљареал.

УЕФА ја призна грешката после силните реакции и беше направена нова жрепка.

Реал Мадрид имаше најмалку среќа затоа што место со Бенфика сега ќе игра против ПСЖ, а второто големо дерби е Интер – Ливерпул. Тука е и средбата Атлетико – Манчестер Јунајтед. Ќе потсетиме жребот беше повторен токму затоа што Јунајтед не беше ставен како опција за Атлетико, тогаш Атлетико го доби Баерн.

Салзбург – Баерн Минхен

Спортинг – Maнчестер Сити

Бенфика – Ајакс

Челзи – Лил

Атлетико Мадрид – Maнчестер Јунајтед.

Јувентус – Виљареал

Интер – Ливерпул

ПСЖ – Реал Мадрид

Ова беа паровите на претходниот ждреб:

Бенфика – Реал Мадрид

Виљареал – Манчестер Сити

Атлетико Мадрид – Баерн Минхен

Салзбург – Ливерпул

Интер – Ајакс

Спортинг – Јувентус

Челзи – Лил

ПСЖ – Манчестер Јунајтед

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…