Петочна и викенд временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот, десетти декемвриски ден, петок, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег. На истокот на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 11-от степен, Маврово 1, Охрид 7, Битола 9, Крива Паланка 7, Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 14 Целзиусови степени.

Под влијание на нов влажен бран во сабота преку целиот ден ќе има пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка.