Home Актуелно Бугарија не ја менува својата позиција за преговорите на Македонија за членство во ЕУ

Бугарија не ја менува својата позиција за преговорите на Македонија за членство во ЕУ

Бугарарската влада нема да ја смени позицијата за започнувањето преговори на Македонија за членство во ЕУ, изјавиле од владата за агенцијата БГНЕС.

Од Владата за агенцијата кажале дека „Бугарија ќе се прдиржува кон Декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и Процесот на стабилизација и асоцијација на Република Македонија и Република Албанија, како и на Рамковната позиција во однос на европската перспектива на двете земји од 9 октомври 2019 година, подржана со декларацијата од наредниот ден”.

Во текстот на агенцијата се потсетува дека „таа позиција на Бугарија ќе биде повторена и на Советот на општи работи што ќе се одржи на 14 декември во Брисел.

„За Бугарија како основен принцип останува напредокот на секоја земја кандидат. Бугарската страна смета дека Албанија е подготвена за напредок на патот кон ЕУ и има спремност за поддршка на прифаќањето на Преговарачката рамка за земјата и одржување на првата Меѓувладина конференција”, е ставот на бугарската Влада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…