Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Австралиски владини претставници нема да присуствуваат на Зимските олимписки игри следната година во Пекинг, изјави премиерот Скот Морисон.
Австралија на тој начин им се придружува на САД во дипломатскиот бојкот на Игрите.
Морисон рече дека кинеската влада сè уште не направила ништо за да одговори на прашањата поставени од Канбера, вклучително и оние за наводните прекршувања на човековите права.
„Затоа не е изненадувачки што австралиските официјални лица нема да одат во Кина на Игрите. Австралиските спортисти ќе одат“, рече премиерот во Сиднеј.
Соединетите Американски Држави најавија дипломатски бојкот на Игрите во Пекинг во понеделникот, додека американските спортисти ќе учествуваат на ЗОИ во главниот град на Кина.
Претседателот на САД Џо Бајден минатиот месец рече дека размислува за таков дипломатски бојкот во обид да ги истакне критиките за состојбата со човековите права во Кина, вклучително и, како што Вашингтон го квалификува како „геноцид врз малцинските муслимани во западниот кинески регион Синџијанг“.
Кина најави остри контрамерки како одговор на дипломатскиот бојкот од САД.