Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од вкупно направени 2.744 тестирања во изминативе 24 часа, регистрирани се 375 нови случаи на ковид-19, а 9 лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од починатите, 3 лица се од Скопје (87, 78 и 62 години) и по еден починат од Кавадарци (60), Струга (83), Струмица (72), Кочани (59), Штип (73) и Свети Николе (86). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, додека бројот на активни случаи изнесува 5.627.