Копенхашко тркало – уред кој секој обичен велосипед може да го трансформира во електричен хибрид (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Копенхашкото тркало е задно тркало за велосипед со вграден електричен систем кое може да се монтира на било кој велосипед со две тркала, со што истиот ќе го трансформира во електричен хибрид.

Дизајнирано е на таков начин што го олеснува вртењето на педалите преку зголемување на силата која се пренесува до трката. Црвената главина на тркалото содржи електричен мотор и батерија, а преку апликација за мобилен телефон велосипедистот може да го менува степенот на помош кој моторот ќе му го пружа за време на возењето.

Оваа технолошка иновација е дело на инженерите од Институтот за технологија од Масачусетс (MIT), со парична помош од градот Копенхаген.