Home Живот и здравје СЗО: Според првичните наоди, пациентите заразени со варијантата Омикрон имаат поблага форма на Ковид-198

СЗО: Според првичните наоди, пациентите заразени со варијантата Омикрон имаат поблага форма на Ковид-198

Техничката раководителка на Светска здравствена организација за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот Омикрон обично имаат поблага форма на болеста.

Но, Керкова додаде дека е прерано да се зборува за тоа.

Ван Керкова наведе дека е потребно време за заразените да поминат низ целиот процес на инфекција и оти можеби ќе поминат неколку недели пред навистина да стане јасно колку луѓе од заразените со сојот Омикрон ќе развијат тешка форма на болеста.

Сепак, таа предупреди дека дури и да се работи за полесна форма на болеста, важно е брзо да се делува за да се преземат мерки за контрола на нејзиното ширење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто вреди да се заљубиш во личност што обожава кучиња?

Зошто вреди да се заљубите во личност што ги сака кучињата Љубителите на кучиња често се ш…