Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерството за спорт на Русија официјално ги прогласи борбите со голи тупаници за спортска дисциплина, соопшти Федерацијата за бокс на Русија. Почнувајќи од 1 декември, Федерацијата може да организира официјални турнири, пренесува Русија Бијонд.
„Видот натпреварување „борба со тупаници“ е признаен за спортска дисциплина. Исто така, во Федерација за бокс на Русија е формирано одделение посветено на оваа дисциплина“, соопштија од организацијата. Во Русија постојат неколку големи организации кои организираат борби со тупаници, од кои најголеми се „Топ Дог“ (Top Dog) и „Хардкор“ (Hardcore).
Според генералниот секретар на Федерацијата за бокс на Русија Кирил Шчекутјев, Министерството за спорт на Русија побарало да се посвети посебно внимание на медицинските аспекти. Борците ќе треба да поминат детален преглед пред борбите. „Правилникот за спроведување на допинг-контрола ќе го пропише Руската агенција за борба против допинг“, изјави Шчекутјев. „Тој ќе се базира врз примерот на професионалниот бокс. Во борбите за титулата, допинг-контролата ќе биде задолжителна, а во другите случаи незадолжителна“.