Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После премиерата на „Куќата на Гучи“, филмот веќе е масовна инспирацијата за додавање на винтиџ Гучи парчиња облека во гардероберите ширум светот.
Платформата за онлајн трговија Wethrift пријавува пораст од 270% во пребарување на винтиџ Гучи парчиња само минатата недела, а истото важи и за многу други сајтови за препродажба.
Фарфеч пријавува дури 1500% пораст во бројот на луѓе што бараат некое иконично парче од историјата на брендот, а вакви неверојатни бројки гледаат и Италија, Данска, Хонг Конг и Сингапур. Не е ни некое изненадување со оглед на популарноста на филмот, што во голема мера се должи на промоцијата што Лејди Гага посветено ја одработува.
Гучи ги отвори своите архиви за продукцискиот тим на филмот, а костимографот Џенти Јејтс проценува дека само Гага имала 75 до 100 различни аутфити – од крваво-црвениот скафандер за скијање, до фустанот со розеви точки комбиниран со златни алки-менѓуши и цигара. Додатоците се и најпопуларни кај купувачите глобално – ја бараат Џеки-чантата, кожната со рачки од бамбус од ’40-те, бараат очила, токи за каиш и слично. Се вклучија и супермаркети: Асда објави дека ќе сокријат 30 архивски Гучи парчиња во нивните продавници за да можат некои среќни купувачи да си ги најдат.
Филмот веќе почна да се емитува по кината, а на Гага сериозно ѝ предвидуваат Оскар. Останува секаде по свет каде што ќе начекаме винтиџ продавници да отвараме шест пара очи да не никне некоја Гучи ситница.