Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бившиот долгогодишен организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на вечерашното гостување на ТВ24 рече дека подготвува кандидатура за лидер на партијата, но и дека клучно прашање во овој момент е дали неговата кандидатура ќе придонесе за зајакнување на единството или „дополнително може да ги влоши и онака лошите услови во кои се наоѓа партијата“.
„Ако сите релевантни политички фигури во партијата влезат со амбиција да го преземат претседателскиот трон, тоа може да предизвика лавина од бурни реакции внатре во членството. Ако почнеме со тоа, нема да биде добро за СДСМ. Многу е важно пред секој политички потег, внимателно да се анализира какви реакции ќе предизвика и какви последици ќе направи. Време до петок има, и ќе почекам дотогаш. Најважно е сега да се сочува единството внатре во СДСМ на начин каде сите релевантни фактори ќе застанат зад едно решение“, рече Зечевиќ
Тој остава простор до петок да поднесе кандидатура, кажувајќи „дека има време и дека ги прави последните анализи“.
„Клучен момент што ќе пресече е да го почувствува импулсот на членството во овој момент. Единствено тоа ми е битно и битно ми е останувањето на Заев во Владата како премиер“, вели Зечевиќ.
Во однос на рокот за поднесување кандидатури, членот на СДСМ смета дека е малку време за промовирање и објаснување на визиите на кандидатите.
„Краток е периодот. Тоа е дамка. Во однос на другите кандидати, јас сум во предност во однос на нив. Сите структури долго ме познаваат. Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години“, вели Зечевиќ.