Баба Деми ја претера


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славната холивудска актерка Деми Мур се појави на Британските модни награди за 2021 година што се одржаа во Ројал Алберт Хол во Лондон, а иако се трудеше да изгледа гламурозно, сите ја коментираа драстичната промена на нејзиното лице.

Имено, на лицето на холивудската актерка има се повеќе видливи траги од естетски зафати, на кои таа се повеќе се подложува. Многумина веруваат дека таа веќе претерала со процедурите и дека изгледа малку искривено и неприродно.

Иако 59-годишната актерка се појавила облечена во коктел фустан со отворени рамена, кој и одговара на фигурата, нејзиното некогаш издолжено лице сега изгледа позаоблено. Исчезнале и сите траги од брчките, а дополнително и биле истакнати образите. Кожата од врвот на челото до под брадата е позатегната од кога било, што прави нејзиниот тен да изгледа неприродно мазен.

Следбениците на социјалните мрежи беа шокирани од изгледот на саканата актерка. „О, Боже мој, таа го уништи тоа убаво лице“, „Што по ѓаволите направи со твоето лице?!?“, „Како Деми Мур успеа да го направи своето лице да изгледа како некој да го завиткал со жица?“ – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.