Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британската кралица Елизабета Втора им одговара на телефон само на две лица во „Фирмата“.
– Наводно, кралицата има две лица со кои најмногу разговара на своите телефони, а очигледно има и мобилен телефон за кој се вели дека е опремен со анти-хакерска енкрипција од MИ6 за никој да не може да и го хакира телефонот – открива кралскиот експерт Џонатан Сакердоти за подкастот „The Royally US“.
– Двете лица со кои најчесто е во контакт се наводно нејзината ќерка принцезата Ана и нејзиниот менаџер за трки со коњи Џон Ворен.
– Тоа значи дека тие можат да стапат во контакт со кралицата од каде било во светот. Ако се јават, таа одговара – додава Џонатан
„Фирмата“ е неформално име за британското кралско семејство и сродните институции, вклучувајќи дворјани, персонал и членови на кралското семејство кои го одржуваат раотењето на монархијата.