Во Македонија засега нема детектирано случај со „омикрон“ сој од коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети, за Слободен печат изјави дека на Институтот за јавно здравје во Скопје има можности да се детектира сојот омикрон на коронавирусот, но досега таков случај не е откриен.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација ја прогласи оваа варијанта за загрижувачка. Омикрон мутацијата е регистрирана во Германија, Белгија, Италија и во Велика Британија. Новиот сој првпат беше детектиран во Јужна Африка, што придонесе Израел да ги затвори границите за сите странци, а САД го забрани авиосообраќајот од Јужна Африка. Во земјава, Комисијата за заразни болести денеска ќе заседава за сојот омикрон.

– Во однос на новиот сој на ковид-19, засега е многу рано да се каже точно. Станува збор за нов сој, кој има многубројни мутации, особено во делот на спајкот (шилецот) и сега тука е сомнежот дека е можно да е попренослив отколку сите досегашни мутации. Меѓутоа, ние имавме многу други мутации што не се проширија досега. Имаше и други сценарија, делта сојот кој секаде се прошири. Ќе ги разгледуваме сите овие работи на состанок – најави министерот за здравство Венко Филипче.