Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европските акции паднаа за 2,7 отсто, американската сурова нафта падна за 5,7 отсто, пренесува Гласот на Америка.
Глобалните берзи паднаа денес, а нафтата падна под 80 долари за барел, откако веста за веројатно новата варијанта на коронавирусот која се претпоставува дека е отпорна на вакцините ги поттикна инвеститорите да побрзаат кон безбедноста на обврзниците, јенот и швајцарскиот франк.
Малку е познато за оваа варијанта откриена во Јужна Африка, Боцвана и Хонг Конг, но научниците велат дека таа има необична комбинација на мутации, можеби е способна да ги избегне имунолошките одговори и може да биде повеќе пренослива.
Британските власти сметаат дека тоа е најзначајната варијанта до сега и побрзаа да воведат ограничувања за патување во јужна Африка, како што тоа го направија Јапонија, Чешка и Италија.
Европската унија, исто така, соопшти дека има за цел да го запре воздушниот сообраќај од регионот.
Светската здравствена организација денес свика експертски состанок за да оцени дали новата варијанта е „варијанта за загриженост“.
Глобалните акции паднаа за 0,8 отсто и беа на курсот за најлошата недела од почетокот на октомври. Европските берзи паднаа пак за 2,7 отсто.
Германскиот DAX потона за 3 отсто, додека британскиот FTSE 100 падна за 2,7 проценти на најниско ниво за повеќе од еден месец.
Цените на нафтата се намали за 5,7 отсто на 73,96 долари за барел, а нафтата од типот Брент се намали за 4,66 отсто на 78,38 долари поради стравувањата од новата побарувачка.
Еврото порасна за 0,4 отсто до 1,1251 долари, бидејќи безбедноста, а не политичките разлики ја поттикнаа трговијата.
Поместувањата на пазарот доаѓаат по зголемената загриженост за појавата на новата варијанта на вирусот предизвикувајќи ограничувања на движењето и активноста во Европа и пошироко.
Словачка објави двонеделно заклучување, чешката влада предвреме ќе ги затвори баровите, а Германија го премина прагот од 100 илјади смртни случаи поврзани со ковид-19.