Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Вие со аутсорсинг го префрлате вашето производство во Кина па после викате, Кина е загадувач. Кина ви ги прави кантите. Кина ви ги прави штрафовите и мутерите. Кина ви ги прави телефоните. Пробајте сите тие работи да ги произведете дома па да видите како ви растат емисиите на јаглерод диоксид.
Обожавате нам да ни држите лекции затоа што имате колонијален менталитет и колонијални структури и институции кои се репродуцираат години и години. Ни позајмувате пари (наши пари) кои ви ги враќаме како долгови а после нè учите како да живееме. Тоа е неверојатно.
Таканареченото Движење за климатска правда, нема да фати корен. Тоа е движење кое вика, ние сме загрижени за иднината. Која иднина? Иднина за децата во Африка, Латинска, Америка, Азија? Па тие деца немаат ни сегашност, а не иднина! „Загрижени сме за иднината?“ Тоа е само еден медиокритетски буржоаски слоган на Западот. Треба да сте насекирани за денес!
2,7 милијарди луѓе денес немаат доволно храна да го поминат денот. И вие ним им викате да го намалат консумирањето? Како тоа му звучи на дете кое со денови нема јадено?
Луѓе, мора ова да го сфатите инаку движењето нема да фати корен во Третиот свет. Мрежа од 200 политички организации стационирани на глобалниот југ се подготвени да ви ги кажат нивните проблеми. Но, дали вие сте подготвени да слушате?“
Виџеј Прашад, левичар, историчар и аналитичар од Индија.
This is a really good speech. #COP26 pic.twitter.com/rt5rhc9wQR
— Solidarity w/Ayiti🇭🇹 (@KimCommie) November 22, 2021
Еве и поцелосна верзија од говорот на Прашад.