Одземена лиценцата за работа на превозната компанија „Беса Транс“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерството за транспорт и врски (МТВ) соопшти дека компанијата „Беса транс“ останува без лиценца за работа која се одзема на истата, односно се забранува вршење на дејност, но и потсетија дека изгорениот автобус во Бугарија во кое загинаа 45 лица не бил пријавен за меѓународен превоз, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници.

„Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици“, објаснуваат од Министерството за транспорт и врски.

Оттука, тие велат дека фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до ресорното министерство.

Исто така, тие потсетија дека Владата на последната седница го задолжила Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на компанијата.

Во сообраќајната несреќа која се случи вчера во 2 часот по полноќ загинаа 45 лица, додека 7 лица преживеаја. Преживеаните се во стабилна општа состојба во болница во Софија и остануваат на болничко лекување до петок, а потоа, како што најави министерот за здравство Венко Филипче ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.