Облачна среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, среда, 24. ноември, времето во Македонија ќе биде претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 10, Битола 7, Крива Паланка 10, Берово 7, Кавадарци 9, Дојран 10.

И утре ќе имаме променливо облачно време, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. , особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 6 до 12 Целзиусови степени.