Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Румен Радев со убедлива победа над противкандидатот Анастас Герџиков го освои вториот претседателски мандат во Бугарија на денешниот втор круг од претседателските избори. Според излезните анкети, Радев освои 64% од гласовите, со што ја задржа двојната предност од првиот круг.
Ова беа четвртите избори во Бугарија во изминатите осум месеци, по трите парламентарни, и излезноста беше околу 30%.
По гласањето, Радев ги повика Бугарите на целосна мобилизација „за да не се дозволи минатото да ја минира иднината“. Тој освои 49,42% гласови минатиот викенд, наспроти 22,83% на Герџиков, кој беше поддржан од ГЕРБ на Бојко Борисов.