Home Актуелно Заев на средба со Гаши придружуван од Димитар Ковачевски – дали тој ќе биде негов заменик на премиерската функција?

Заев на средба со Гаши придружуван од Димитар Ковачевски – дали тој ќе биде негов заменик на премиерската функција?

Во Клубот на пратеници започна средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Заев на средбата е придружуван до заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски. Вчера ТВ 21 од извори блиски до премиерот објави дека новиот мандатар и наследник на Заев ќе биде личноста која ќе седи до Заев на средбата со Гаши.

Средбата следува откако пред неколку дена Заев упати покана до Гаши за разговор по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата.

Тема на разговор на средбата ќе биде можниот влез на Алтернатива во владината коалиција.

Доколку во мнозинството остане и пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој оневозможи гласање недоверба на Владата, тогаш со евентуалниот влез на Алтернатива мнозинството би изнесувало 64 пратеници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…