Детали за скандалот со претепаната француска фудбалерка: Не бил нарачан од нејзина соиграчка, туку од славниот Ерик Абидал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неверојатен скандал овие денови ја тресе француската јавноста откако беше претепана фудбалерката на ПСЖ, Кеира Хамрауи, а за се е обвинета нејзината соиграчка Амината Диало.

Француските медиуми пред неколку дена објавија дека Диало е обвинета дека платила на маскирани лица да ја пресретнат Хамрауи и да ја претепаат за таа да добие место во стартниот тим.

Нападот се случил на 4. ноември и Хамрауи се здоби со сериозни повреда, веднаш се активираше и полицијата. Диало беше првата која е осомничена, но дополнителната истрага покажала дека таа не била виновникот.

Новото открие на полицијата е уште повеќе шокантно. Зад нападот стоел поранешниот француски репрезентативец, Ерик Абидал! Медиумите објавија дека Абидал сега е главен осомничен и се верува дека токму тој го нарачал нападот на игрчката на ПСЖ со која бил во тајна љубовна врска која минатото лето се завршила.

Наводно Хамрауи одлучила да раскине со Абидал минатото лето и тоа на Абидал тешко му паднало. Абидал е обвинет дека организирал напад, дури и учествувал во него. Според информациите полицијата пронашла докази кои покажуваат дека Абидал бил директниот организатор на овој напад.